Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.comNews image
Ревидирано на: 16. Јануари 2008 - Објавено на 08:51 GMT
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
„Чом, че јам, че дом“
Прилеп „нојче“
Во серијата на БиБиСи за дијалектите сега „че ојме во Прилеп".

И прилепчани, како битолчани и кумановци, велат дека нема шанси да не зборват прилепски, јавува прилепчанката Елизабета Филипоска.

„Еден чоек од Ореоец, решил да си прај кујча Прилеп. Соѕидал тули кренал чатијата, клал џерамидите, пенџерина, арно ама, денцки праел, нојче некој му ја туркал."

Така ја запишал прикаската најголемиот македонски собирач на народни умотворби, прилепчанецот Марко Цепенко кој пишувал на прилепски дијалект, чунки тој го знаел.

Прилепчани денес не пишуваат на дијалект, но во секојдневниот говор не се откажале од него.

„И то е убо", вели новинарот од македонското радио Елизабета Митреска, која се обиде да не зборува литературно, но не успеа:

-„Убаво е кога комуницираш со луџето од твојот град на прилепски, тоа че ти донесе подобра комуникација, поблиска размена на мислењата. Во секој случај никој не се откажува од употребата на дијалектот без разлика на професијата. Дијалектите се негуваат, се богатство и одраз на културата и традицијата на луѓето кои живеат во регионот."

Чаршијата

И прилепчани со истото мислејне:

-„Убо е да си го зачувам дијалектот ко културно обележје на својот град, ама сепак има места каде што треба да се зборува литературен јазик."

-„Незамисливо ми е да комуницирам со некого на литературен јазик."

-„Кога сум на училиште зборувам не литературен јазик, а кога сме со другарчињата зборувам прилепски."

-„Пошто сме си сите сограјџани можиме да си се разбериме и си го користиме нашио, прилепскиот дијалект, а инаку...“

-„За мене многу ми пара уши прилепскиот дијалект.“

-„Па треба да зборувам чисто прилепски „чом, че дам, че дом, зошто сме прилепчани. Прилепчани кај да појда се препознава по зборо!“

И навистина, прилепчанец само уста шо че отвори, че го препознајш.

Замена на гласови

Во неговиот говор нема да ги чуете буквите „Ѓ“ и „Ќ“.

„Ѓ“ е заменета со „Џ“, а „Ќ“ за прилепчанецот е „Ч“.

Ѓаконот е „џакон“, ѓубрето е „џубре“, среќата е „срејча“, ќошето е „чоше“, куќата е „кујча", ноќта е „нојч“, а ќотекот ...по прилепски е „чотек“.

А за да не добијаш чотек кога че решиш да дојш во Прилеп, не им се потсмевај на прилепчани кога ќе ги чуеш како зборваат.

Сега че зборвам чисто прилепски како шо најчесто зборваме:

„Шо прајш?“ - „Чом да го фрлам џубрето."

„Че пијаме кафе?!"

„Шо че прајме со чоеков, аман!“

„Нејчум да јадам чотек!“

„Ај бе чоек шо си таква, ај да ојме!“

Она што скопјани би рекле "ќе одам, ќе јадам и ќе дојдам, ние прилепчаните би рекле „чом, че јам, че дом".

Дури и кафеана имат крстено „ЧЕ“.

ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Наречјата во Македонија
07 Јануари, 2008 | Вести
„Имаме само тврд нагласок...“
08 Јануари, 2008 | Вести
Делчевско-пијанечко наречје
09 Јануари, 2008 | Вести
Кумановско наречје
10 Јануари, 2008 | Вести
„Искача у град и зборуе...“
10 Јануари, 2008 | Вести
„Кажуемо гачке“
14 Јануари, 2008 | Вести
„Зборуеме по велешки“
16 Јануари, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
BBC © ^^ Назад на почеток
Архива
BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>