Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.comNews image
Ревидирано на: 14. Јануари 2008 - Објавено на 08:48 GMT
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
„Кажуемо гачке“
Серија на БиБиСи, „Македонски наречја“
Тетовци „ваќе, таќе, кажуат гачке“
Тетовското наречје е едно од најстарите запишани во Македонија.

Според записите на Кирил Пејчиновиќ, датира од почетокот на 19-тиот век.

Третосложното акцентирање и јасниот изговор се неговите главни карактериски.

Ова наречје Маја Блажевска го објасува токму на тетовски, за што подобро да се опише.

Ваќе, таќе...

„Срце ме боли, ќе умрем јандум амам, од мерак за Трпана...“.

Ваќе и’ пое Симо Сарафот на Трпана од Анота Јаковчев бакалинот.

Песмава е од пред еден век, ама остануе нишан на Тетоо.

Дека мие тетовци смо големи љубовџије, кажуаа и песмете за Благуња Пожаранка, Васка Евгоа, Тута Јоргушоа, Јорушица.

Ама имамо и писма.

Вака Менча, пред еден век, му пишуела на љубовникот.

-„За поздрав ти праќам по Славета Цунибаба малу орае, коштање, рачија џенарикојца, винце поткомиње и една кошница јабуќе. Сега на крај те цунуем, шиесе и шест пута, твојата осантерисана, Менча.“

Писмото го чита Гордана Георгиадис, позната у Тетоо по монодрамата „Госпоѓица Илка“, коа се изведуела со години.

У Тетоо ја разбирале, ама у други градој ич.

-„Амам мори Иконијо, к'ј ти го најдоја ова име, чешит име. Им доаѓаше интересно. Барем да те крстеле Ѕвездана. А ја нему му се обраќам - море караконџуло. Ова караконџуло на свите им беше чешит. Дури и прашуеја. Исто и таќе, ваќе, ондекац...“

Не кажуј гачке

Многу гачке се врзуа за зборењето наше. Таќе се збори и за една нееста, тазе мужена у Тетоо.

Гачка га кажуе Глигорие Стојаноски, актер и стар тетоец.

-„Стануе едно сабајле свекрвата и и' вика на снаата. Слушај, кога ќе станеш ќе ги повадиш патлиџаните у бавча“.

Невестата била од друг град и не знаела дека да ги „повади“ е да ги полее со вода, па ги извадила сите патлиџани од бавчата од корен.

Македонија, мапа
Тетотовсото наречје е дел од северо-западниот говор

Каго Гиге го криел клучот да не дознаат комшиите кои што биле скопјани?

-„Зедов едно ливче и напишав: клучот е во сурѓијата, а сурѓија на тетовски е фиока.“

Поголем дел од тетовскиот говор е од западното, делум и од северното македонско наречје.

Карактеристики

Меѓу главните карактеристики се третосложното акцентирање и јасниот изговор на неакцентираните самогласке, кажуе професорот по македонсќи, Борис Момировски.

-„Употребата на двојниот предмет е најдоследена: го видов чуекот, му реков на ученикот“, вели професорот.

Бранислав Светозаревиќ со године собира текстој на тетовски, ги архивира и објавуе.

Вика: нашиот говор е поун со турцизми, српски, пожарански и призренски зборои.

-„Тетовскиот е еден од најстаро запишани говори у македонскиот јазик. Носи корени со првото издание на Кирил Пејчиновиќ, значи почетокот на 19-тиот век“.

Сеа засеа толку. Останите со здравје.

ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Наречјата во Македонија
07 Јануари, 2008 | Вести
„Имаме само тврд нагласок...“
08 Јануари, 2008 | Вести
Делчевско-пијанечко наречје
09 Јануари, 2008 | Вести
Кумановско наречје
10 Јануари, 2008 | Вести
„Искача у град и зборуе...“
10 Јануари, 2008 | Вести
„Чом, че јам, че дом“
16 Јануари, 2008 | Вести
„Зборуеме по велешки“
16 Јануари, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
BBC © ^^ Назад на почеток
Архива
BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>