Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.comNews image
Ревидирано на: 15. Јануари 2008 - Објавено на 08:25 GMT
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
Битолчанки не одат на модистра!
Битола
Битолчани се заљубени во градот и во наречјето
Нов продолжеток од серијата на БиБиСи за дијалектите во Македонија.

Од некои градови добивме по-научен пристап, од други пак сосема секојднeвен - говорен!

Но како и да е, добро се забавуваме со различните наречја и искреноста на нашите соработници...

„Ко ќе ојте" во Битола ќе мора да „јадите од пајнци". Главното јадење можи ќе биди нешто од „јагнина", а за десерт можеби ќе имате „љубејнца". „Ама зато па ко ќе ојте на Широк Сокак ќе гледате убај љуѓе", вели Дивна Грдановска Караџовска.

Заљубени во градот и наречјето

Сузана Цветановска е новинар во локална телевизија и секој ден зборва со различни луѓе, од пазарџии до доктори, од работници до директори.

Ја прашавме, колку битолчани го користат македонскиот литературен јазик?

-„Битолчани, како што се заљубени во својот град, повеќе зборуваат битолски отколку литературно.“

Сите ја знат Ленче Василевска Гаровска од општина, референт за советничките седници. „Неа му смета дијалектот на спикерите и пратениците.“

-„Скопјани скопски, а за во парламентот да не прајме муабет. Таму секој ... како дома си збора, така.“

Што му смета на Ленчето?

Димитар Спасевски е советник од ВМРО-Народна. Не знае што му смета на Ленчето:

-„Па користам и на говорница битолски термини, а дома се разбира битолски. Јас си го користам литературниот битолски дијалект.“

Во битолскиот говор не постои глаголска „е" група, како што се „земе", „рече", „може" вели универзитетскиот професор Кирил Трајковски.

-„И најобразованиот, и најучениот ќе „речИ", „можИ", „земИ".

„Сиграт со пилина“

Во Битола доминира и елизијата на вокалите, вели Трајковски, па битолските деца „сиграт", има отсуство на формата „иња" - па битолчани јадат „пилина„ и „јагнина" и го отфрлаат интервокалното „в" кај едносложните именки, па во Битола „паѓаат" „снегој“ и „дождој".

-„За битолчани не постои прашалната честичка „ли" - „Ќе дојдете ли на кино?" Во битолскиот говор, на еден убав спонтан начин тоа се постигнува со нагорна интонација која како да се прекинува: „Ќе одите на кино?".

Иако секојдневното користење на македонскиот литературен јазик влијае во целост на зборовите што се употребуваат, ако новинарите постојано зборуваат литературно се предмет на „мајтап", потсмев. Пак Сузана:

-„Ми се чини дека ако го користам и дома литературниот јазик тогаш би имала повеќе реакции отколку обратно.“

Старите Битолчанки не одат поќе кај модистра - шивачка, но се пак убај, дотерани, претставителни, одат на гробишча и јадат лешча, ја користат гласовната група „шч", а под влијание на говорот на влашкото и албанското население, изговараат меко „л".

ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Наречјата во Македонија
07 Јануари, 2008 | Вести
„Имаме само тврд нагласок...“
08 Јануари, 2008 | Вести
Делчевско-пијанечко наречје
09 Јануари, 2008 | Вести
Кумановско наречје
10 Јануари, 2008 | Вести
„Искача у град и зборуе...“
10 Јануари, 2008 | Вести
„Кажуемо гачке“
14 Јануари, 2008 | Вести
„Чом, че јам, че дом“
16 Јануари, 2008 | Вести
„Зборуеме по велешки“
16 Јануари, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
BBC © ^^ Назад на почеток
Архива
BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>