|
Делчевско-пијанечко наречје | |||||||||||||||||||||||||||||||
Не е само делчевски, ами е и пијанечки. Ристе Панов ни пренесува како жителите од општината Делчево думаат (зборуваат) за својот дијалект. -„М'жо е диреко на каштата, а жената е пајантата. Жената шо може да дигне маж не може да дигне, това си e подаданија на м'жо." Овие творби се собирани од Димитар Узунски кој над 40 години ги собира во регионот на Пијанец. Toj укажува дека овој дијалект има своја предност: -„Можат да се направат многу убави творби. Богат е нашиот фолклор и со народни поговорки, приказни, песни што се карактеристични само за нашиот крај." Пијанечкиот дијалект попримил влијание и затоа има два дела на говорот, додава Узунски: -„Еден дел од говорот се населбите од Делчево кон Берово, а другиот дел од Делчево кон Македонска Каменица до Кочани." Во делчевскиот говор глаголот во минато време има друга форма, вели професорот Атанас Николовски: -„Тие расправаа и кажуваа спомени како било некогаш, а во Делчево би рекле тие расправаше и кажуваше како било некогаш. Тоа е во глаголите." Зенел Реџепов од Делчево укажува дека најкарактеристична е честата употреба на зборот „еле“ што значи „нели“: -„Чим ќе чуеш ’еле’ знај дека е од Делчево, или чим ќе чуеш ’ќе’ това е исто од Делчево. А коа ќе чуеш ’че’ това веќе е малешевијата. Че одиш, ќе одиш." Постојат и други специфични зборови: -„За надвор се вика вонка, за куќа кашча, за свеќи се вика свешча. За шпоре кај нас е кофтор, за врапче џингар." Различни се искуствата кога се контактира со луѓе од другите краеви на Македонија: -„Во Скопје ќе ода во една аптека, флазам и думам си на делчевски и кажувам, дај ми това и това а она вика: извинете не ве разбирам." -„ Учех средна школа во Кочани. Професоро по македонски ме пита ајде да кажеш дијалектна реченица од вашио крај. И му кажувам ’у зора убулантата при докторо по апове’. И он така ме гледа чудно. Това значи утре сабајле рано во амбулантата кај докторот по апчиња." За да бидеме разбрани надвор, сепак си зборуваме литературно, вели делчевчанката Тереза: -„Со мои луѓе од Делчево си думам делчевски, а надвор од Делчево зборувам литературно македонски." | ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ Наречјата во Македонија07 Јануари, 2008 | Вести „Имаме само тврд нагласок...“08 Јануари, 2008 | Вести Кумановско наречје10 Јануари, 2008 | Вести „Искача у град и зборуе...“10 Јануари, 2008 | Вести „Кажуемо гачке“14 Јануари, 2008 | Вести Битолчанки не одат на модистра!15 Јануари, 2008 | Вести „Чом, че јам, че дом“16 Јануари, 2008 | Вести „Зборуеме по велешки“16 Јануари, 2008 | Вести | |||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||