Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.comNews image
Ревидирано на: 10. Јануари 2008 - Објавено на 17:46 GMT
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
„Искача у град и зборуе...“
Скопје
Центарот на Скопје
Во програмите на БиБиСи деновиве ја емитуваме серијата за дијалектите во Македонија.

Денеска на ред е Скопје, и добро-познатиот „скопски говор" за кој многумина во останатите градови во Македонија ќе речат дека им звучи - арогантно, пренесува Наум Стоилковски!

-„Штом појде од местото, полето се запалуе и изгоруе. Све му изгорело само жената со двете мушки деца останале. Почнале да одат од куќа на куќа од село на село, да тражат, да работат, колку да живеат...“

Овој дел од приказна раскажана на скопски дијалект е дел од архивата на институтот за македонски јазик поодамна снимена во скопското село Бардовци.

Скопскиот дијалект, објаснуваат дијалектолозите, е составен од северните и западните говори, со чие што мешање е сочинет скопскиот, градски говор кој се употребувал на територијата на сегашното централно градско подрачје.

Одамна заборавен

Онаков како што е регистриран во архивите, скопскиот говор веќе многу тешко може да се слушне меѓу денешните скопјани вели доктор Убавка Гајдова раководителот на проектот „македонски дејалектички атлас".

-„Она што денес може да се чуе на улиците, на телевизија било каде, што се однесува до скопски говор може да се чуе се' но тоа не е оригиналниот скопски говор“ - вели Гајдова.

По долгоодишната миграција кон главниот град, во денешно Скопје со приближно еден милион жители јазичните влијанија од другите говори се неизбежни така што автентичниот скопски говор останува само како дел од лингвистичките архиви, вели доктор Гајдова и додава дека во Македонија најголемите промени во говорот претрпел скопскиот дијалект:

-„Вообичаено е секој да си го носи својот сопствен дијалект и да продолжи да го употребува, но и да вметнува одредени особености на говорот на Скопје".

Искача и зборуе!

У кој кафиќ искачаме вечер?
У кој кафиќ искачаме вечер?

Како такви особености кои се’ уште можат да се сретнат во употреба се зборовите како „искача" наместо излегува или пак „зборуе" наместо зборува.

Но Гајдова укажува и на специфичните замени кои останале скопска јазична специфичност:

-„Таа замена на прасловенското „он" со „у" како „рука", „мука" место стандардното „рака" и „мака", или пак вокалното „л" заменето исто со „у"-„жуто" или „јабука", или наместо предлогот „во" предлогот „у"- „ќе идеме у кино" наместо „ќе одиме во кино".

Јазикот е жива материја и се менува, па сега во скопскиот се вметнати и таканаречените професионални говори, како медицискиот, политичкиот техничкиот и секако литературниот јазик.

Но сега се смета дека секоја скопска населба создава свој дијалект или популарно наречено „сленг“, јазик на кој најдобро меѓу себе се разбираат младите.

ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Наречјата во Македонија
07 Јануари, 2008 | Вести
„Имаме само тврд нагласок...“
08 Јануари, 2008 | Вести
Делчевско-пијанечко наречје
09 Јануари, 2008 | Вести
Кумановско наречје
10 Јануари, 2008 | Вести
„Кажуемо гачке“
14 Јануари, 2008 | Вести
„Чом, че јам, че дом“
16 Јануари, 2008 | Вести
„Зборуеме по велешки“
16 Јануари, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
BBC © ^^ Назад на почеток
Архива
BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>