Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.comNews image
Ревидирано на: 10. Јануари 2008 - Објавено на 08:18 GMT
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
Кумановско наречје
Македонски наречја
Кумановци штом отворат уста, веднаш се знае дека се Кумановци.

На својот дијалект зборуваат каде и да се, иако добро зборуваат и македонски литературен јазик вели Габриела Димковиќ.

-„Кумановац никад нема да биде Кумановац, ако га мења дијалект. И он к'т га каже "к'т и с'к" не треба да се претставља од куде е."

Овакој мисли ед'н староседелац на Куманово. И не само он, него и сви други.

Кумановац пол'ко ќе се разбере сас Врањанца или Нишлију него ли у Гевгелију.

За кумановски дијaлeкт професор по македонски език и литературу Никола Трајковски кажа:

-„За кумановскиот дијалект е препознатливо тоа што има многу српски зборови, како пример "рука, с'к, т'к". Тука е карактеристично испуштање на вокалите, а се добиени со губењето на јеровите и јоровите и се најактеристични за кумановскиот дијалкт."

Кумановци не се претопујев л'ко, на свој дијалет зборуeв куде и да су.

-„К'т може прилeпчани, струмичани, кочанчани, да зборeв на свој дијалект, такој и ја ќе си збору на мој."

-„Не га мењам дијалект нигде, кој разбере, разбере, кој не ништо. Мислу дека има одредени зборови што не би ги разбрале, ама тој су малко".

Куманово

-„Свугде зборимо кумановски и дома и у школу и пред други, не ни е битно дали ќе ни се смеев."

-„У Скопје не мора, али у Гостивар, Охрид, Битола, т'ј крај тамо, ако ги збору на кумановски ама б'ш ништо нема да ме разберев".

Кумановци и литературниот јазик?

Дали кумановски дијалект е проблем за изучување на литературан език? Професор Трајковски објаснуе:

-„Кумановци и тетовци најчисто го зборуваат литературниот јазик, затоа што го учат како малку 'понов' јазик од нивниот дијалект."

Смешно, не смешно, ми кумановци си зборимо такој, а богами и тешко ги иде на други да не имитирав.

Ед'н од ретки кумановски творци што објавија дело на карактеристичан кумановски език Киро Бабаружа не случајно вика овакој: „Пол'ко ќе научиш енглески да пишујеш и читаш, него ли кумановски."

А ви драги слушатељи колко ме разбрасте не знам, ама тој ви е тој.

ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Наречјата во Македонија
07 Јануари, 2008 | Вести
„Имаме само тврд нагласок...“
08 Јануари, 2008 | Вести
Делчевско-пијанечко наречје
09 Јануари, 2008 | Вести
„Искача у град и зборуе...“
10 Јануари, 2008 | Вести
„Кажуемо гачке“
14 Јануари, 2008 | Вести
„Чом, че јам, че дом“
16 Јануари, 2008 | Вести
„Зборуеме по велешки“
16 Јануари, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
BBC © ^^ Назад на почеток
Архива
BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>