Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.comNews image
Ревидирано на: 07. Јануари 2008 - Објавено на 08:34 GMT
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
Наречјата во Македонија
Дијалекти
Во малата Македонија има многу наречја
БиБиСи емитува серија за дијалектите во Македонија.

Од Куманово, преку Велес до Битола, од Прилеп, преку Кавадарци до Струмица и Делчево,ги бележиме наречјата, а во одредени случаи и се трудиме да ги разбереме.

Да почнеме од југот и дијалектот во Гевгелија кој спаѓа во југоисточното наречје. Се карактеризира со поинаква дикција, двосложен акцент и скратување на зборовите.

Елизабета Филипоска праша зошто битолчани не би се разбрале со гевгеличани?

-„Ќе се разбереме, но ние имаме друг дијалек тие друг. Има некои зборови кои ги користат во Прилеп, Битола, Охрид, а нам ни треба време да ги окопчаме, што се. Имав еден гостин од Охрид и кога го прашав 'Дека одиш на наки?', по гевгелиски, не ме разбра. А кога прашав 'каде одиш натаму?', ме разбра."

Превод

Кога гостин од западна Македонија доаѓа во Гевгелија за подобра комуникација мора да се менува динамиката на говорењето велат гевгеличани

-„Ако во Гевгелија лафиме малку побрзо, прилепчани или битолчани нема да не разберат, исто и обратно.“

-„Ние малку по литературно не знаеме. Ние гевгелиски, знае как је?“

-„Гевгелискиот дијалект се разбира само ако зборат гевгеличани полека, ако зборат на брзина како шо имаат пракса, не може никој да ги разбере.“

За еден ден гевгелиски не се учи. А како се „лафи по гевгелиски?“

-„Кажејте шо ќе пијајте?“

-„Дек ќојш?“

-„Прај шо ќе прајш, ама врни се дома.“

-„Дека си."

-„Шо праат? Добр ли се?"

Прашувам едно девојче каде оди:

-„Дека тато, в дуќано."

По што гевгелискиот дијалект се разликува од останатите дијалекти во Македонија?

-„Кај нас некако акцентот е ставен на друго место.“

-„Кај нас дијалектите се измешани, од Малешевијата, Валандово и Гевгелија сме направиле кркамбар, урнебес.“

Натурализираниот гевгеличанец од Прилеп, Алексеј Караџоски, ни раскажа како се снаоѓа со гевгелискиот говор.

„Наарен“

-„Ја кога дојдов во Гевгелија 50% не разбрав што зборува. Имаат доста зборови кои ги употребуваат од стариот македонски јазик. Во Прилеп велиме 'искарај го', гевгеличани викаат 'искарго', го скратуваат зборот.

И мајка на битолска снаа се обиде да ни помогне.

„Како е?" битолските жени така зборуваат, а не велиме „Как си? Шо прајш?Девојчињата во Битола се 'чупиња', во Гевгелија се „момички".

Како и да е, гевгеличани сметаат дека е убаво да си негува дијалктот.

-„Преку дијалектот можеш да препознаеш кој од каде", велат тие и гордо додаваат: „Нашиот дијалект наарен е, шо да ви кажам друго!"

ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
„Имаме само тврд нагласок...“
08 Јануари, 2008 | Вести
Делчевско-пијанечко наречје
09 Јануари, 2008 | Вести
Кумановско наречје
10 Јануари, 2008 | Вести
„Искача у град и зборуе...“
10 Јануари, 2008 | Вести
„Кажуемо гачке“
14 Јануари, 2008 | Вести
„Чом, че јам, че дом“
16 Јануари, 2008 | Вести
„Зборуеме по велешки“
16 Јануари, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
BBC © ^^ Назад на почеток
Архива
BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>