Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.comNews image
Ревидирано на: 30. Декември 2008 - Објавено на 01:34 GMT
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
Повратнички приказни од Босна
Мирсада Баруџија, повратник
Мирсада Баруџија се врати во Бања Лука по шест години
Протераните од војната во Босна и Херцеговина се’ уште се враќаат во своите домови, 13 години по завршувањето на судирите.

Претставници на организацијата на раселените велат дека процесот не е успешен и покрај зголемениот број повратници.

На почетокот од војната во 1992-та Мирсада Баруџија, како муслиманка во претежно српската Бања Лука, го напушти својот дом и замина.

По едномесечно патување, стигнала кај сопругот во Германија. Шест години подоцна, се враќа дома:

-„Ова е земја на моите прадедовци и јас тука ќе останам тука. И до сега ги имаше сите нации, во канцелариите во кои што работев 24 години сите три вери работевме и делевме се’ заедно, се’ додека не дојде оваа несреќа, кога почна војната во 1992-та."

Противење

Кога дошла, во нејзината куќа живеел бегалец-Србин, избеган од некој друг крај на Босна каде неговата ентичка група била во малцинство. Тој бил единствениот кој и рекол дека ќе мора да си оди:

-„Ама полицаецот убаво му рече: 'Она ќе си остане на нејзиното, а вие ќе се вратите еден ден."

Човекот што требало да замине, во куќата на Мирсада чувал крава и коњ. „Во кујна со бели плочки тој чуваше животни", раскажува таа.

Таа различност на дојденците предизвикува интересна реакција - моите соговорници велат многу подобро се согласувале со своите стари соседи, иако биле од различна етничка или верска група, отколку со припадници на својот народ, но доселени од други краишта на Босна и поранешна Југославија.

За еден таков пример ни зборува бања-лучанецот Здравко Петровиќ:

Семејството Радовановиќ

-„Пред некој седам со еден мој голем пријател, Хрват. Во текот на војната замина за Хрватска, па сега се врати. Вели дека не можат да го поднесат, ниту пак тој може таму да се навикне. Многумина кои што заминаа сакаат да се вратат токму поради ова за што го зборувам."

Наташа Радовановиќ пак е Србинка која како 12 годишно девојче, заедно со нејзиниот една година постариот брат Ненад, во 1992-та година заминале од Сараево во Црна Гора.

„Обврска“

Во нивната зграда на чиј влез е залепен постер на Тито, таа раскажува зошто се вратила од кај, условно речено, своите, за повторно да живее со соседите муслимани.

-„Па би требало да заминете едно два месеца и се’ ќе ви биде јасно. Таму се’ се гаси, се’ умира на втори септември".

И Мирсада и Наташа со оптимизам гледаат на нивната иднина.

Мирсада вели дека минатото го оставила зад себе, а Наташа пак дека сега луѓето како да чувствуваат дури и обврска да се дружат и посетуваат повеќе.

ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Босна и Херцеговина во слики
03 Декември, 2008 | magazine
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
BBC © ^^ Назад на почеток
Архива
BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>