Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.comNews image
Ревидирано на: 30. Декември 2008 - Објавено на 01:55 GMT
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
„Сакам да се движам низ времето“
Харис Пашовиќ
Една театарска група од Сараево, наречена „Исток-Запад“, од земјата која крвареше три и пол години во граѓанска војна, се обидува да развие цивилизација на дијалог.

Предводник на проектот е режисерот Харис Пашовиќ, познато име во театарскиот свет низ цела поранешна Југославија.

47 годишниот режисер ја мина војната во Босна.

Дијалог и размена

Во интервју за БиБиСи тој зборува дали со неговата театарска група, наречена „Исток-Запад“, се обидува да ги надмине крајните физички и секакви други поделби од тоа време и да обезбеди спојување на различноста?.

-„Па не знам дали е тоа спојување. Повеќе е комуникација, цивилизација на дијалог, цивилизација на размена."

Пашовиќ и неговиот театар патуваат низ цел свет.

Вели дека годинава биле и на исток и на запад, па така настапиле во Сингапур и во Единбург, во Љубљана и во Белград, во Романија, како и во неговата Босна и Херцеговина, и тоа и во двата ентитета - српскиот и босанско-храватскиот.

Нивниот адут годинава беше претставата „Класен непријател".

Јадрото на театарот го сочинуваат млади луѓе. Пашовиќ вели дека некои од нив неволно ја прифатиле можноста да настапат во Белград, бидејќи за многумина, вели тој, градот бил престолнина на злото.

-„Требаше многу трпение и разговори за тие млади луѓе да го направат тој чекор. Кога дојдовме во Белград и во Нови Сад, кога се запознаа со луѓето, кога видоа како ги прими публиката, го сменија впечатокот. Тоа за мене е многу убаво и важно."

„Лажна дилема“

Луѓето во Босна не ја избегнуваат војната како тема и покрај сите преживеани стравотии. Го прашав Пашовиќ дали нему му е преку глава да зборува за тоа?

-„Мислам дека тоа е малку вештачка дилема. Мислам дека не можете да престанете да зборувате за својот живот. Јас немам потреба да престанам да зборувам за тоа мое искуство. Но во исто време не сакам ниту да живеам во тоа искуство, сакам да живеам и сега, да се движам низ времето. Исто како кога зборувате за времето кога сте биле на училиште, на факултет, кога сте се женеле. Не беше тоа сообраќајна несреќа", вели Харис Пашовиќ, во интервју за БиБиСи на македонски.

ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Повратнички приказни од Босна
30 Декември, 2008 | Вести
Босна и Херцеговина во слики
03 Декември, 2008 | magazine
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
BBC © ^^ Назад на почеток
Архива
BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>