Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.comNews image
Ревидирано на: 30. Декември 2008 - Објавено на 02:07 GMT
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
Негирање дека „Босна е пред колапс“
Американскиот дипломат Ричард Холбрук
Ричард Холбрук стравува за иднината на Босна и Херцеговина
Босна и Херцеговина повторно е во фокусот на вниманието, откако двајца високи дипломати предупредија на опасносните од нејзино повторно враќање во деведесеттите години, кога таму се водеше 3,5 годишна војна.

Зоран Стевановски неодамна патуваше низ Босна и Херцеговина и еве го неговото видување на тамоните случувањата.

Во Босна за прв пат се вратив по цели 24 години, откако во 1984-та таму минав цела година како војник на ЈНА.

1984-та беше славна година - Сараево беше домаќин на Зимските олимписки игри, но само седум години подоцна, Босна и Херцеговина западна во граѓанска војна, која заврши во 1995-та со Дејтонскиот мировен договор.

Муслиманите, Србите и Хрватите се поделија во два ентитета - Република Српска и бошњачко-хрватската федерација.

13 години подоцна, креаторот на Дејтонскиот договор, американскиот дипломат Ричард Холбрук и Пади Ашдаун, поранешен висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, предупредија дека постои вистинска опасност од колапс на земјата.

Стравувања

Тие обвинија дека долгорочна политика на сегашниот лидер на босанските Срби Милорад Додик, е да ја отцепи Република Српска, штом се појави шанса.

Неговиот соперник, Бошњакот Харис Силајџиќ пак го обвинија дека сака да ги укине ентитетите и да создаде унитарна држава.

Првиот ги отфрла обвинувањата: „Ние не ја негираме Босна, но не сакаме негирање на Република Српска", вели Додик.

Тоа му го признава еден друг претставник на Бошњаците, Сулеман Тихиќ, кој во парламентот на босанските Срби рече дека никој нема право да ја укине Република Српска, но и дека Република Српска не може да се отцепи, ако на тоа се противат другите два народа.

И хрватски претставник, пред чија канцеларија се вее хрватско знаме, кое тој го опиша како знаме на хрватскиот народ, а не на хрватската држава, зборуваше за компромис со другите два народа.

Мирослав Лајчак, висок претставник на меѓународната заедница во БиХ
Лајчак обвинува за исклучивост

Слаткоречиви зборови од политичари во време кога сегашниот меѓународен претставник во Босна, словачкиот дипломат Мирослав Лајчак, зборува дека локалната политика е заснована на исклучивост, провокација, промоција на тесните етнички или партиски интереси.

Обични луѓе

А што велат обичните луѓе?

Оние во Сараево, Бања Лука и Мостар тврдат дека меѓу-етничките односи веќе не им се приоритет, тука дека главна грижа им е да имаат работа и да живеат како сиот нормален свет.

Но ова се три поголеми градски средини. Оние помалите, велат моите соговорници, се позатворени и посомничави кон другите.

Сепак, повеќето луѓе сметаат дека ние од страна поцрно гледаме на сегашноста и иднината на нивната земја.

Велат дека многу помоќни и посилни не ја уништија Босна во 90-тите. И уште додаваат дека секоја поделба на земјата ќе значи војна.

-„Тоа и се случи пред 16 години и што се реши? Ништо. Земјата се’ уште постои, само што илјадници загинаа."

ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Повратнички приказни од Босна
30 Декември, 2008 | Вести
Босна и Херцеговина во слики
03 Декември, 2008 | magazine
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
BBC © ^^ Назад на почеток
Архива
BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>