Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.comNews image
Ревидирано на: 30. Декември 2008 - Објавено на 01:48 GMT
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
Разурнувањата и обновата на Мостар
Мостар, стариот мост
Симболот е вратен, но останаа бројни гробови
Патувајќи од Сараево до Бања Лука и назад, можев да видам голем број обновени, па и нови куќи, како и современи комерцијални објекти.

Во главниот град Сараево, се’ помалубројни се трагите од речиси четиригодишното бомбардирање.

Но, сосема друга приказна е Мостар: туристички водич, меѓу другото, вели во војната биле уништени кината и сега во градот нема ниту едно.

Транспарентност

Во центарот се’ уште стојат голем број разурнати и оштетени згради. Но архитектот Маја Поповац се сеќава дека било и многу полошо:

-„Замислите дека низ овие улици минуваа ровови, низ зградите минуваа тунели, требаше многу време, труд и средства за да се доведе до оваа состојба. Веројатно можеше и повеќе да имаше транспарентност во трошењето, но Мостар сигурно беше најмногу разурнат."

Мостарци, но и целиот свет најмногу ги заболе уривањето на неговиот симбол, Стариот мост над реката Неретва.

Граден со години во 16-тиот век, беше урнат по тридневно бомбаридање од војската на босанските Хрвати во 1993-та.

Единаесет години подоцна, мостот беше обновен. Колку им е тоа важно за мостарците?

-„Изграден е Стариот мост, значи вратен ни е симболот. Се помиривме со дел од нашата негативна историја и сега единствено што граѓаните на Мостар може да ги потсети на војната се гробиштата. Градовите се уриваат и се градат, без оглед колку големи споменици се. Но ништо од тоа не е толку вредно колку животите", вели Маја Поповац.

Мостар

Сите тие разурнувања предизвикаа заминување на илјадници луѓе. Еден минувач, кој себе си се опишува како стар мостарец од дедо и прадедо, жали за заминатите пријатели, на чие место дошле други луѓе, протерани од околината на Мостар.

Ретки вицеви

Дали тоа го смени духот на Мостар?

-„Недостигаат дваесет илјади луѓе. Но добивме други, протерани од источна Херцеговина, од Дубрава. Сега тие ми станаа пријатели во овие 15 години. Но тоа не е истиот дух - еве јас од тие пријатели немам чуено добар виц веќе десетина години."

Шегите можеби проретчиле, но барем луѓето сега слободно преоѓаат од едната на другата страна од мостот, што во текот на војната и веднаш по неа, не беше најпрепорачливо нешто.

ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Повратнички приказни од Босна
30 Декември, 2008 | Вести
Босна и Херцеговина во слики
03 Декември, 2008 | magazine
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
BBC © ^^ Назад на почеток
Архива
BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>