|
Босна и Херцеговина во слики | |||||||||||||||||||||||||||||||
Трагите од војната во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, претежно се видливи на станбените згради, но ги има се’ помалку.
Картата покажува како градот бил опколен во текот на граѓанската војна и каде е познатиот тунел преку кој се минувало до аеродромот.
Тунелот служел за премин до аеродромот и за носење намирници до граѓаните.
Самиот град сепак е обновен и разубавен, а некои трамваи ги носат симболите на Европската унија.
Зад оваа џамија бил првиот турски сарај, по кој и самиот град го добил името: Сараево.
Обновени се и неколку мостови на реката Миљацка.
Надалеку познатата „Баш-чаршија“ не го губи својот маалски дух на тесни сокаци, мали дуќани, бурекџилници, чајџилници, ашчилници....
Сараевчаните не ја изгубиле смислата за хумор па на специфичен начин го одбележаа „оскарот“ за странски филм за режисерот Данис Тановиќ и „Ничија земја“ во 2001.
Зградата на владата во Бања Лука, главниот град на српскиот ентитет во БиХ, изгледа исклучително модерно и грандиозно. Обвинителството на БиХ ги бара документите за изградбата, но премиерот на РС Милорад Додик одбива да ги предаде.
Бања Лука има и други свежо обновени и убави згради.
Трговскиот центар во Мостар се’ уште ги носи лузните од граѓанската војна.
Познатиот „Стар мост“, изграден во 1566 од школата на мимарот Синан, беше урнат од хрватски генерал во 1993, но сега е обновен и претставува незаобиколен симбол на Мостар, најголемиот град во Херцеговина. | ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ Етнички поделби во Босна и Херцеговина30 Декември, 2008 | Вести Повратнички приказни од Босна30 Декември, 2008 | Вести Негирање дека „Босна е пред колапс“30 Декември, 2008 | Вести Разурнувањата и обновата на Мостар30 Декември, 2008 | Вести „Сакам да се движам низ времето“30 Декември, 2008 | Вести Репортажа на БиБиСи од Босна и Херцеговина02 Јануари, 2009 | Вести | |||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||