|
Зборови, придавки, шаблони... | |||||||||||||||||||||||||||||||
Непотребни зборови, клишеа, придавки – заборавете на нив! На пример – спортски радио-новинар не се станува ако речете: „на стадионот под Тумбе-кафе време сончево, терен подготвен за игра“. А водител кој има шарм секако нема да се потпре на – „невообичаено сончевото време за овој период во годината измами бројни скопјани на блиските излетнички места“. Бидете оригинални и свои но уште подобро, кажете едноставно за да ве разберат слушателите. Придавки... Ах, тие придавки - често се проблематични и можат повеќе да заморуваат и да го оптоваруваат вашето известување, отколку да придонесуваат за него. Со придавките треба да бидеме скржави. Ако е темница, нека биде темница – не мора да е црна...паузите не мора да бидат напнати, летото „изгор-жешко“, а зимата „кочан-ладна“. Зошто да кажеме дека некој „јасно ставил до знаење“, кога можеме да кажеме дека некој „кажал нешто“. Известувајќи дека „во извонредниот говор мудриот политичар со младешки елан и беспрекорна елоквентност ги кренал на нозе обожувачите во свечено украсената сала преполна со луѓе до последното место кои френетично му аплаудирале....“ Добро, ова можеби ви изгледа малку претерано, но верувале или не, е вистинско и е дел од известувањето на еден наш колега. Ваквиот стил не само што е старомоден, тежок за следење, полн со клишеа и непротребни придавки, туку ја доведува под сомневање и непристрасноста- некако се добива чувство дека новинарот навива за „мудриот политичар со младешки елан?“ | ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ КОЛЕЏ ЗА НОВИНАРСТВО09 Април, 2009 | Domestic Најважни уреднички вредности09 Април, 2009 | Domestic Непристрасно известување09 Април, 2009 | Domestic Пишување за радио09 Април, 2009 | Domestic Радио новинарство09 Април, 2009 | Domestic Како да се преведува?09 Април, 2009 | Domestic Употреба на странски зборови09 Април, 2009 | Domestic Англиски за новинари16 Април, 2009 | Domestic | |||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||