|
Најважни уреднички вредности | |||||||||||||||||||||||||||||||
Уреднички вредности на БиБиСи: Нашата цел е да ги емитуване најкреативните и најверодостојните програми во светот. Да го информираме, образуваме, забавуваме и збогатиме животот на нашата публика, на начин поинаков од тој диктиран од пазарните сили. Сакаме да бидеме водени од општествена цел, да ги охрабриме најкреативните таленти во Британија. Да бидеме независни од секакви интереси и да тежнееме кон највисоки етички стандарди. Објективност Објективноста лежи во срцето на БиБиСи. Сите програми и служби на БиБиСи треба да бидат отворени, фер и да покажуваат почит кон вистината. Ниту една значајна линија на мислата не смее да биде занемарена од БиБиСи. Точност Мораме да бидеме точни и подготвени да проверуваме информации и да бараме совети од другите за да бидеме сигурни. Секогаш кога тоа е возможно да собираме информации од прва рака, да бидеме присутни на настаните, а кога тоа не е возможно, да зборуваме со тие кои биле присутни. Точноста често пати е повеќе од собирање точни факти. Сите релевантни информации мора да бидат измерени за да се стигне до вистината на тоа што се известува или тоа што се опишува. Да се биде фер БиБиСи програмите треба да бидат фер, отворени и директни. Соработниците треба да бидат третирани со искреност и почит. Тие имаат право да знаат за што е програмата, и како се очекува тие да учествуваат, без разлика дали се работи за програми во живо или снимени. Давање целосна и фер слика за луѓето и културата …во Британија но и низ целиот свет. Програмите и редакциите на БиБиСи треба да ја одразат разновидноста. Да го претставуваат животот таков каков што е. Така ќе воведеме нови таленти, перспективи, лица и гласови и ќе ја збогатиме програмата. Кога се претставуваат општествени групи, стереотипите треба да бидат одбегнувани. Уреднички интегритет и независност Публиката мора да верува во интегритетот на програмите на БиБиСи. Луѓето треба да бидат убедени дека одлуките кои ги носиме се донесени од уреднички причини, а не поради притисок, без разлика дали политички, комерцијален или од специјални интереси. Надворешните активности на новинарите на БиБиСи не смеат негативно да влијаат врз програмите на БиБиСи. Почит за приватноста БиБиСи треба да ја почитува приватноста на индивидуалците. Да признае дека секое пречекорување може да биде оправдано, затоа што штити повисока цел. Приватното однесување, допис и разговор, не смее да биде изнесено пред јавноста, доколку за тоа не постои поширок интерес. Почит за стандардите за вкус и достоинство Новинарите мора да бидат свесни и да ги почитуваат разновидните перспективи на нивната публика. Секако дека публиката треба да се изненадува и да се предизвикува на креативни начини. Треба да се земат предвид нејзините очекувања за содржината на програмите, и времето кога тие се прикажуваат. Да се избегнува имитација на анти-социјално и криминално однесување Публиката е загрижена за можноста луѓето да го имитираат однесувањето кое го гледаат и слушаат на телевизијата и радиото. Треба да обезбедиме дека анти-социјалното или криминалното однесување за кое известува БиБиСи не се копира од публиката. Заштита на децата Децата кои учествуваат во програмите мора да бидат заштитени. Треба внимателно да се процени влијанието кое програмите ќе го имаат врз секое вклучено дете, начинот на кој се правени, и реакциите кои емитувањето на програмата може да ги предизвика. Фер однос кон интервјуираните Интервјуата на БиБиСи треба да бидат културни и пристојни. Тие мора да бидат добро информирани, скептични, директни, објективни. Не смеат да бидат приврзани кон одредена страна. Тие треба да го предизвикуваат соговорникот но не и да бидат агресивни или некултурни кон него, без оглед на провокацијата. На интервјуираните треба да им биде дадена чесна можност да оформат целосен одговор на прашањата. Почит за различните публики во Британија Програмите на БиБиСи мора да бидат релевантни и соодветни за сите различни публики во различните делови на Британија. Независност од комерцијален интерес Програмите на БиБиСи никогаш не смеат да бидат сфатени како да поддржуваат некој производ или компанија. Спомнувањето на различни производи треба да биде оправдано од уредниците. | ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ КОЛЕЏ ЗА НОВИНАРСТВО09 Април, 2009 | Domestic Непристрасно известување09 Април, 2009 | Domestic Пишување за радио09 Април, 2009 | Domestic Радио новинарство09 Април, 2009 | Domestic Зборови, придавки, шаблони...09 Април, 2009 | Domestic Како да се преведува?09 Април, 2009 | Domestic Употреба на странски зборови09 Април, 2009 | Domestic Англиски за новинари16 Април, 2009 | Domestic | |||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||