|
Како да се преведува? | |||||||||||||||||||||||||||||||
Дел од нашата секојдневна работа во Македонската редакција на БиБиСи е преведувањето од англиски на македонски за радио и за интернет. Ова вклучува и материјали на БиБиСи, но и вести и секакви други материјал од разни извори. Ние не преведуваме буквално, од збор до збор. Таквиот превод може да го збуни слушателот до таа мера што или ќе препознае лош превод или ќе се запраша, на кој ли тоа јазик слуша? На пример, во еден, сега веќе легендарен превод од англиски, „guinea pigs”, односно „заморчиња“, беше толку буквален што реченицата гласеше „луѓето од селото каде што се вршеа истражувањата доцна сфатија дека се гвинејски свињи“!!! Фразата „to hit the nail on the head” не би требало да ја преведеме со „го удри клинецот по глава“, туку со – ја погоди суштината, нели? Преводите треба да се во духот на македонскиот јазик – за најдобро да го примените тоа, размислувајте не дека преведувате, ами дека – прилагодувате на македонски! | ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ КОЛЕЏ ЗА НОВИНАРСТВО09 Април, 2009 | Domestic Најважни уреднички вредности09 Април, 2009 | Domestic Непристрасно известување09 Април, 2009 | Domestic Пишување за радио09 Април, 2009 | Domestic Радио новинарство09 Април, 2009 | Domestic Зборови, придавки, шаблони...09 Април, 2009 | Domestic Употреба на странски зборови09 Април, 2009 | Domestic Англиски за новинари16 Април, 2009 | Domestic | |||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||