|
Пишување за радио | |||||||||||||||||||||||||||||||
Кога пишувате за радио, речениците треба да бидат куси и јасни. Не повеќе од петнаесетина зборови, бидејќи, за разлика од телевизијата, каде што и сликите говорат, и печатот, каде што ако нешто не сте разбрале можете да се вратите и да разберете „што сакал да каже авторот“, во радиото имате најчесто само една шанса да објасните и да оставите впечаток. Слушателите најчесто не можат да се вратат назад за да слушнат уште еднаш нешто што не разбрале. Велам „најчесто“, бидејќи тука се програмите на интернет кои можат да се вратат и слушаат повеќе пати. Но за радиото е исклучително важно - да ве разберат од прва! Долгите ( некогаш и предолги) реченици треба ги поделиме на две или три покуси кои пак полесно се читаат и разбираат. Најдобар начин да се провери тоа е – да се обидете да ја прочитате реченицата која што сте ја напишале. Ако на половината се зацрвените, а кон крајот почнете да помодрувате во лицето од недостиг на здив, тогаш реченицата не ви е добра за радио. | ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ КОЛЕЏ ЗА НОВИНАРСТВО09 Април, 2009 | Domestic Најважни уреднички вредности09 Април, 2009 | Domestic Непристрасно известување09 Април, 2009 | Domestic Радио новинарство09 Април, 2009 | Domestic Зборови, придавки, шаблони...09 Април, 2009 | Domestic Како да се преведува?09 Април, 2009 | Domestic Употреба на странски зборови09 Април, 2009 | Domestic Англиски за новинари16 Април, 2009 | Domestic | |||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||