|
Приказни од поделeниот Белфаст | |||||||||||||||||||||||||||||||
Требаше да помине повеќе од деценија во Северна Ирска за да се сопрат „невољите", како што го нарекуваат жителите конфликтот меѓу католиците и протестантите. „Невољи" кои траеја повеќе од 30 години и во кои во загинаа околу 3500 луѓе. Денес двете заедници се' уште се длабоко поделени, но задоволни што го нема насилството кое со децении беше нивно секојдневие и одлика на оваа средина. Па, колку е тешко да се изгради мирот? Поделеност Велигден во Белфаст, го слават сите - и католиците и протестантите. Црквите се преполни со луѓе. Но, да си католик или протестант во Белфаст, без оглед колку си религиозен, значи дека си дел од двете длабоко заедници, длабоко поделени и физички - со ѕидови. Иако поголем дел од ѕидовите се изградени пред неколку децении, последните никнаа скоро, пред 1,5 година. Нил Џерман е директор на Институтот за истражување на конфликти во Белфаст: -„Стана навика, стана лесен начин за решавање на проблемот. Кога некои луѓе градат нови куќи автоматски креваат и ѕид, висок пет или шест метри меѓу домовите на различни заедници."
БиБиСи: Но, дали е тоа конечно решение? -„Проблемот е, ако градите висок ѕид меѓу куќите, луѓето од другата страна на ѕидот се поинакви од тебе и секогаш ќе најдат начин да фрлат камења, шишиња или молотов-коктели." БиБиСи: Сепак мировниот договор за Северна Ирска донесе многу реформи и го сопре насилството: -„Тоа е навистина долг и бавен процес, трае речиси 10 години од примирјето. Луѓето работеа заедно, многу силно, беа блиски со полицијата, работеа со другата заедница, што ги доведе под контрола тензиите од улицата." Во Северна Ирска поделено е и образованието. Но, освен протестантски и католички училишта, тука речиси 30 години постои и интегрирано образование. На едно место заедно учат децата католици и протестанти. Клиодна Скотвилс е службеник во Советот за интегрирано образование: -„Ги охрабруваме учениците да ги истражуваат двете страни, кога учат драма бараме драма во која ќе им помогне да ги забележат различностите и како се справуваат со различностите. Кога учат религија да ги забележат сличните, но и работи што се поинакви. Секогаш бараме можности." Иницијатива Интегрираното образование се роди како иницијатива на неколку родители. Сепак, дури три децении од основањето, само 6% од учениците во Северна Ирска одат во овие училишта.
-„Навистина е тешка задата да се отвори интегрирано училиште, се намалува наталитетот овде на северот и тешко е да отвориш интегрирано училиште кога има празни места во другите училишта", вели Клиодна Скотвилс. Но не се сите песимисти. Професор Роберт Милер предава социологија на „Квинс“ универзитетот во Белфаст. Американец по потекло, овде се населил во 1970-те години и вели дека напредокот е очигледен: -„Беше јасно од првото истражување кога дојдов овде имаше емпириски доказ за дискриминацијата врз католиците. Ако ги направите истите анализи денес ќе видите историски последици, но доказите за активна дикриминација ги нема!" Десет години од официјалниот крај на „невољите" се’ уште се случува по некој инцидент, кој потсетува на суровото минато. Сепак, преовладува консензусот дека насилството не води никаде. | ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ Маршевите - секојдневие во Северна Ирска19 Април, 2010 | Вести Верската поделеност на Белфаст19 Април, 2010 | Вести Белфаст печали на туризмот за „невољите“19 Април, 2010 | Вести | |||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||