Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.comNews image
Ревидирано на: 19. Април 2010 - Објавено на 12:27 GMT
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
Белфаст печали на туризмот за „невољите“
Муралите ги одбележуваат загинатите во судирот

Белфаст во Северна Ирска, град на крваво минато, на две поделени заедници кои се обидуваат да изградат заеднички живот.

Но овде „невољите", како што се нарекуваше конфликтот меѓу католиците и протестантите, се дел од туристичката понуда на градот, која ја посетуваат по илјадници туристи годишно.

Туристичките водичи ја кажуваат приказната на градот.

Белфаст е местото каде бил изграден бродот „Титаник“. Сепак, градот не е најпознат поради тоа.

„Невољјите" како се нарекува долгогодишниот конфликт меѓу протестантите и католиците овде, сепак е знакот за препознавање.

Џон, туристички водич, кажува дали можеби судбината на „Титаник“ значеше лоша среќа за Белфаст:

-„Мислам не, Англичанец го управуваше, а Шкотланѓанец го укажуваше правецот, ние не го потонавме."

Возиме понатаму... за улиците „Шанкил" и „Фалс" некогаш слушавме само на главните вести каде главно се случуваа убиствата и бомбашките напади.

„Поддршка за штрајкувачите со глад“

Ние денес овде се фотографираме, а Џон ни ги поедноставува гледиштата преку две личности: Боби Сендс, член на Ирската републиканска армија кој умре во текот на штрајкот со глад во затвор во Белфаст... и Маргарет Тачер, поранешната британска премиерка:

-„Боби Сендс е најдобар начин да се објаснат различните чувства и различните луѓе во Белфаст. На улицата 'Шанкил', Боби Сендс се смета за терорист и убиец, а Маргарет Тачер херој. Но, ова е улицата 'Фалс' и Боби Сендс се смета за херој, а Маргарет Тачер за терорист. "

„Шанкил" е улицата на која живеат протестантите, а „Фалс" - католиците.

Тие се поделени меѓу себе со бетонски ѕид висок неколку десетици метри. Над бетонот е надградена жица. Сега тој се нарекува „ѕид на мирот".

Има 50 или 60 видови на ѕидови, а во градот вкупно има 20 километри изградени ѕидови.

Ѕидот на мирот бил изграден во 1969-тата, а целта била, ако соседите не се гледаат - нема да се убиваат.

Сега се симнуваме за да се потпишеме на овој голем ѕид.

-„Најпознат турист кој си го напишал своето име на ѕидот, е претседателот Клинтон. Тој напиша 'не можеш да победиш, ако твојот сосед губи'. Најпознатиот човек кој го допрел, се вели, дека Далај Лама го допрел ѕидот! Се зборува и дека посадил дрвца од двете страни на ѕидот."

Кој во каков дел на градот живее овде се гледа според „муралите", слики или графити со кои се обоени стотици ѕидови на домови.

Па така, се гледаат слики од историјата на двете заедници, војници на различните армии и парамилитарни групи, слики од жртвите, меѓу нив и многу деца....

-„Ви ја пренесувам сликата: за ЈуВиЕф или кратенка за Доброволните сили на Алстер, ИРА за Ирската Републиканска Армија, ЈуДиЕј за Одбранбената армија на Алстер, а од вашата лева страна е КејЕфСи или Кентаки пржено пиле."

Тоа е познат ресторан за брза храна, и секако, нашиот водич Џон, се шегува...

Но, Белфаст е градот на познатиот фудбалер Џорџ Бест.

Според него се именува градскиот аеродром и никој нема ништо против.

Но, овде сепак имињата од крвавото минато се најпознати... носат туристи и ја продаваат приказната од минатото кое никој не сака да се повтори.

ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
BBC © ^^ Назад на почеток
Архива
BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>