Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.comNews image
Ревидирано на: 19. Април 2010 - Објавено на 12:06 GMT
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
Верската поделеност на Белфаст
Ѕид на протестантскиот „Шенкил“ роуд

Две заедници, длабоко етнички поделени, децата учат во одделни училишта, младите излегуваат во различни локали...

Звучи како најава за репортажа од Тетово и иако се оддалечени илјадници километри, речиси исто може да ја најавиме и репортажата од Белфаст, Северна Ирска.

Маја Блажевска, родена тетовчанка, беше во Северна Ирска за да открие во што нејзиниот град е сличен со Белфаст.

Слични сме по возраст, а делиме и слични интереси, како омилени продавници, на пример... Ешли Хантер ја запознав случајно и со неа ги разменивме сликите за нашите родни градови.

Ешли е протестантка или „лојалистка", како што овде ги нарекуваат приврзаниците на Велика Британија.

Ако во нешто се слични Тетово и Белфаст е по тоа - во кој локал излегуваат Албанците, а во кој Македонците, односно протестантите и католиците во Белфаст:

Табла за „Шин Фејн“

-„Порано се знаеше, во секој бар луѓе од која религија излегуваат... еден бар беше католички, друг протестантски, но, сега се менува, што е добро, има барови каде луѓето од различна религија и од други земји излегуваат заедно, танцуваат, се забавуваат иако има се уште барови кои се сегрерирани, но тие се повеќе во областите каде живее работничката класа."

Во Тетово ретко кој сака да зборува за конфликтот од 2001. Тоа се чини е забранета тема.

Во Белфаст, барем младите сакаат отворено да зборуваат, за разлика од возрасните, сведоци ја „невољите":

-„Зависи колку длабоко си бил вклучен во конфликтот. Јас неодамна бев кај луѓе што биле дел од конфликтот, кај еден поранешен командант, тој не гледа причина за разговор, рече само 'се случи, па да продолжиме'... Но, имаше друг човек во собата, од другата страна кој рече 'мораме да разговараме за да продолжиме понатаму'."

Тетово има голем број невработени луѓе. Дел од жителите сметаат дека затоа тие лесно можат да бидат злоупотребени од политичките партии.

И Белфаст не е далеку. Томас е католик и вели дека политичарите често ги замрсуваат работите:

-„Нашите политичари мислат дека си ја работат својата работа, но јас мислам дека не работат правилно, треба да им помогнат на младите, вработување, подобро домување, подобро образование."

Интегрирано образование - во зародиш во Тетово, три децении во Белфаст, но се уште со мал процент на ученици. Клиодна работи во едно интегрирано училиште во Белфаст:

-„Може да се интегрирате ако сте заедно и работите заедно. Не, да се чекаат шанси туку да се работи на тоа, што и го прави интегрираното образование, ги меша децата и возрасните. Затоа велам работете на тоа дури кога изгледа дека се тешки времиња."

Мајкл Карнс е политички уредник во бирото на БиБиСи во Белфаст и е добар познавач на приликите на Бaлканот.

Бил репортер од Сплит и Сараево за време на крвавата војна во поранешна Југославија:

-„Креирајте неутрални области, голем поп концерт - ако Мадона дојде, ти ја сакаш Мадона, јас ја сакам Мадона, ако 'Баерн Минхен' или 'Барселона' дојде да игра со вашиот локален тим, да се најде нешто заедничко за сите што живеат таму, тоа е добар начин да се урнат бариерите."

Со околу 200 илјади жители, Белфаст и Тетово се слични и по големина, иако има и една забележителна разлика - се чини дека северно-ирскиот главен град изгледа многу почисто!

Но, меѓу предностите на Тетово сепак главното е што никој таму не почна да гради ѕидови...

ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
BBC © ^^ Назад на почеток
Архива
BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>