|
Маршевите - секојдневие во Северна Ирска | |||||||||||||||||||||||||||||||
И католиците и протестантите во Северна Ирска го прославуваат Велигден речиси идентично. Сепак, и покрај сличностите, меѓу двете заедници се’ уште има длабоки разлики, а минатото, особено периодот на конфликтот наречен „Невољите" тешко се заборава. Во Белфаст верските празници често значат и политички чествувања... а маршевите во Северна Ирска се' уште се секојдневие. Така и еден организиран од католиците. Како што Велигден е политички настан за католиците, така во јули се маршевите на протестантите. На ваков начин двете заедници ги одбележуваат настаните и жртвите од минатото, востанијата или битките од историјата на двете заедници. Улиците се затворени за сообраќај, знамињата се развиорени, учесниците носат цвеќе, се свири музика.
-„Никогаш не ги забораваме младите луѓе", вели еден човек на прашањето која е целта на маршот. Џон е Ирец - католик од Белфаст и се обидува да објасни која е позадината на недоразбирањата во Северна Ирска: -„Унионистите сакаат да останат дел од Британија, а Републиканците сакаат да бидат дел од обединета Ирска. И тоа е тоа!" Мајкл Карнс, политички уредник на БиБиСи во Белфаст, овде работи од 70-те години на минатиот век. Вели, сега состојбата е драматично изменета, луѓето се согласија со политичкото решение за Северна Ирска, а со тоа се намали насилството. -„Во тоа време се случуваше убиство по убиство, бомба по бомба, не беше на ниво како на Балканот, но за разлика од северна Европа, од Обединетото кралство и Република Ирска ова беше многу напнато и застрашувачко место, вели Карнс." Но, во Белфаст, се’ уште има по некој инцидент или некоја паравоена група. Сепак тие се маргинални. Патриша, на велигденското утро, ја сретнавме пред католичката катедрала „Свети Петар“ во Белфаст. Објаснува дека последните години е обичај да се посетуваат црквите на пријателите од „другата заедница":
-„Луѓето сега помалку се плашат. Порано беше и од имињата, го знаеш името и знаеш од која заедница е, па затоа се плашевме да си го кажеме името, но сега има големо мешање и гостопримство, луѓето ги пружија рацете кон другата страна, има потопли прегратки ако си од друга црква." Пред протестантската катедрала „Света Ана“, сретнавме една госпоѓа: -„Има големо придвижување и напредок во односите и заедниците на двете страни, вели таа." За разлика од младите, возрасните луѓе овде тешко ги забораваат „Невољите". Роберт Милер социолог, од универзитетот „Квинс“ во Белфаст вели дека за иднината на мирна Северна Ирска треба најмногу да се работи со младите: -„Да се доведат младите во несектаријанска состојба. Нешто од ова се случува во популарната култура со што ослабува традиционалната култура. Глобализацијата на Северна Ирска е прогресивна сила, вели Милер." Но, на овие маршови има многу деца... ќе успеат ли тие да ги надминат разликите од минатото? | ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ Приказни од поделeниот Белфаст19 Април, 2010 | Вести Верската поделеност на Белфаст19 Април, 2010 | Вести Белфаст печали на туризмот за „невољите“19 Април, 2010 | Вести | |||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||