|
Скопје и храната | |||||||||||||||||||||||||||||||
Граѓаните на Скопје, главниот град на Македонија, не се баш сигурни кој им е типичниот градски специјалитет, а кога немате некој посебен специјалитет тогаш најверојатно се' што ви се допаѓа ви е специјалитет и го прифаќате како таков. Шетајќи низ улиците на прочуеното Дебар-маало во Скопје, ќе налетате на многу кафеанчиња и ресторани кои нудат традиционална македонска храна. Но, кој е традиционалниот скопски специјалитет, праша Елеонора Венинова? -„Па типично скопско јадење ти е чорба од некаде 9-10 саат, шопска салата и кебапчиња.“ „Гравче тавче“ -„Па не знам колку е тоа типично, ама ние сме навикнати на чорба – е сега таа чорба некаде ја нарекуваат битолска, некаде тетовска. Ние бидејќи живееме во Скопје, за нас чорбата е типично скопска.“ Во отсуство на едно јадење коешто најдобро го отсликува метрополскиот дух на Скопје, отидовме во неколку од кафеанчињата –прочуената „Идадија“, „Папу“, „Кај Перо“ и ги прашавме нивните сопственици – кои се најнарачуваните јадења? -„Ова е ќебап маало. Најмногу ќебапчиња се продаваат, после гравче тавче, плескавица шарска, плескавица со кашкавал, со кајмак и друго скара – кременадла, раженче, ова – она, ти реков – ми рече...“ -„Па во ’Папу% најмногу ги бараат салатите, салатите ни се специјалност и квалитетното месо што е секогаш свежо и убаво поготвено.“ -„Крилца и ќебапи се најбарани.“ А има некои потипични македонски специјалитети што се бараат? -„Па ако ќебапче е македонски специјалитет – тоа е“. Бурекот, ќебапчињата, чорбата добиваат конкуренција во суши, васаби, тортиљи. Иако скопјани и понатаму им се најверни на традиционалните домашни специјалитети, сепак се’ почесто се решаваат да седнат и во некои од интернационалните ресторани – јапонски, кинески, индиски, кои ги има во истото ова скопско Дебар-маало. Во секој случај, оваа кулинаркса разновидност го прави Скопје поинтересен град и веројатно го прави метропола. | ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ Кумановски „мезл'к“14 Јули, 2008 | Вести Прилепски ширден15 Јули, 2008 | Вести Шкембарска шкембе чорба17 Јули, 2008 | Вести Тетовско гравче-тавче18 Јули, 2008 | Вести Велешката пастрмајлија - единствена!18 Јули, 2008 | Вести Пастрмајлии од источна Македонија22 Јули, 2008 | Вести Познатото битолско мезе23 Јули, 2008 | Вести Струшки ѓомлезец25 Јули, 2008 | Вести | |||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||