|
Пастрмајлии од источна Македонија | |||||||||||||||||||||||||||||||
Во нашата серија за традиционалната кујна, рецептите и локалните специјалитеит во Македонија, одново сме кај питата-пастрмајлија за која постојат повеќе рецепти, од кои еден е и штипскиот. Ристе Панов јавува. Во кафеаните и во домашните кујни во сезоната за пастрмајлии во Штип дневно се прават и по 5.000 парчиња. За начинот како се подготвува штипскиот специјалитет, кажува угостителот Стојан Зарков: -„Се меси тестото како за леб, само се меси многу помеко. Се формира елипсовиден облик и се полни претходно подготвено месо, чисто свинско, кое е зачинето со сол, црн пипер и црвен пипер и се пече со маст." Многу странски и домашни естрадни уметници кога доаѓат во Штип забораваат на својата диета, а политичарите ни се редовни муштерии, но доаѓаат и луѓе од други градови кои ја порачуват штипската пастрмајлија, додава Зарков: -„Има порачки носено низ многу земји во Европа, а еден наш сограѓанин однесе во јужна Африка. Ги носеше замрзнати и кажа дека лугето биле задоволни.“ Што велат штипјани за нивниот специјалитет? -„Кога ќе дојде зима, прво што ќе си помислам е да си апнам штипска пастрмајлија, со црвено винце најубаво оди." -„Кога ќе влезе буквата Р во месецот тогаш се јаде прстамајлијата." -„Специфично е тестото, меко е и лесно за јадење." -„Месото има посебен шмек затоа што е зачинето со црвен пипер."
Поради популарноста на штипската пастрмајлија од минатата година започнавме традиционално во Штип да ја организираме манифестацијата „Пастрмајлијада" каде се делеа и се правеа најголемите пастрмајлии, но работиме и за нејзино брендирање, вели Кирил Панајотов од локалната самоуправа на Штип: -„Преземени се сите правни мерки конкретно во случајот, тие се при крај да ја заштитиме пастрмајлијата како производ и како бренд." Особености Во источна Македонија повеќето од градовите си имат своја пастрмајлија која се разликуват по составот и начинот на подготвување. За свети николските зборува угостителот Александар Кузелов: -„Свети николската пастрмајлија се подготвува од свежо направено тесто, свежо свинско месо, сирење овчо, јајце и свинска маст.“ Струмичанката Дивна Алексова за своите: -„Струмичките пастрмајлии се прават со тесто, кашкавал, печурки и месо." И за кратовските пастрмајлии кажува Ласте Петровски, раководител на „Угостителство" во Кратово: -„Традиционална кратовска пастрмајлија се прави со суво месо, свинско пушено месо и по желба на гостинот се става исклучиво овча пастрма." | ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ Кумановски „мезл'к“14 Јули, 2008 | Вести Кавадаречкиот маџун е и лек15 Јули, 2008 | Вести Прилепски ширден15 Јули, 2008 | Вести Шкембарска шкембе чорба17 Јули, 2008 | Вести Тетовско гравче-тавче18 Јули, 2008 | Вести Велешката пастрмајлија - единствена!18 Јули, 2008 | Вести Скопје и храната23 Јули, 2008 | Вести Познатото битолско мезе23 Јули, 2008 | Вести | |||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||