|
Никола Гелевски - колумнист | |||||||||||||||||||||||||||||||
Какви последици остави немирната 1968 во политиката но и во културата? Игор Мицевски зборува со интелектуалецот и колумнист Никола Гелевски. БиБиСи: Во политичка и културолошка смисла каков бран беше 1968-та за Европа? -„Глобален феномен е '68-та и тој не може да се изолира само на Европа. Се разбира, во Европа промените што ги донесе таа неверојатна појава се највидливи и најдрастични. Но таа претставуваше неверојатен феномен повеќе тогаш, денеска ја гледаме покритички и со дистанца. Денес целата енергија е испумпана. Сепак се’ уште предизвикува силни контроверзи и можеби најмногу по линија на прашањата: дали постои отпор, дали постои опозиција, дали воопшто постои левица или тоа беше баш лебедовата песна на антиестаблишметските движења во тоа време. Можеби развојот денешната Европска унија може да се поврзе - макар и во некаква натегната конструкција - со желбите и намерите на 1968 година доколку гледате на создавањето на ЕУ од позитивниот агол. Се разбира дел од аспектите на Унијата се и негативни, од неа е дел и тој грд ’естаблишмент’ кој токму го држи светот за врат со челични канџи. Но велам. позитивните страни и на Европската унија и на 1968 година не смеат да се занемарат." БиБиСи: Револуцијата од 1968-та беше обид да се излезе надвор од функционалната логика на чудаци кои сакаат да контролираат во политиката (или control-freaks). Но, изминативе четири децении политичките врвови кои потекнаа од таа генерација станаа луѓе кои сакаат да го стават светот под контрола. Дали во таа насока 1968-та се изневери себе си? -„Во многу нешта, да - се изневери! A (кога зборуваме за изворните идеи) борбата против авторитетите и борбата против ’контрол-фриковите’ навистина беше клучна точка. Мислам, прв пат во 20 век толку снажно се стави фокусот врз индивидуалецот и врз бунтот. Тоа е важно наследство. Но денес тој модел од '68-та и на таа стара европска левица е дефинитивно мртов. Немаме модели на отпор во новово време и тие ќе треба да се наоѓаат. Во таа смисла, денес не само што делува разводнето борбата против авторитетите, туку и голем дел од оние што се бореа се токму спротивното „хипиите" станаа „јапии", борците против Виетнам денес го бомбардираат Ирак. Така што се случи дури и она конвертитство, но мислам дека сето тоа не треба да загрижува и дека тоа е можеби дури и некој генерациски ’фатум’, дека работите така одат и дека луѓето едноставно се етаблираат. Се разбира нормално тие да се етаблираат после својата четириесетта година. Затоа веројатно помладите треба да најдат посоодветни модели на отпор." БиБиСи: Што се случи со десницата? -„Денес десницата изгледа многу јако - во секоја смисла. Дури и еве кога зборуваме за Европска унија која е некаков над-национален проект - пак гледате дека десните партии воопшто не се ослободени од националното."
БиБиСи: Но дали нивната сила се должи на превратот од 1968 и неговото слабеење или пак денешната европска десница влече сила од некои други корени кои што стојат наспроти „шеесет и осмашите"? -„Веројатно се тоа оние традиционални националистички корени. Заради тоа и ја направив таа паралела меѓу '68-та и Европската унија. ЕУ во моментов е проект во криза баш заради тоа што некои традиционални идентифицирања- со крв и тло - одново се актуелни, не само на Балканот туку и во цела Европа. Така што приказната е малку комплицирана. Одговорите на отпор кои треба да ги дадат помладите истовремено се и прашања за самиот ’естаблишмент’. ЕУ не оди баш во вистинска насока, како што не одат ни многу европски општестава. Тие прашања беа поставени пред 40 години онака драматично бунтовнички дури и деструктивно - ама се’ уште не се одговорени. Можеме тоа да го гледаме и како лутање на левицата, а можеме и да го гледаме на таков начин - дека десницата се враќа на некои традиционални матрици кои во суштина се застарени. Ќе видиме како сево ова ќе се развива. Отворена е некако работата на двата пола." БиБиСи: Многумина велат дека естетскиот и теоретскиот момент на 1968 е поплоден од овој политичкиот кој еве има проблеми да се дефинира себе си. Што мислите вие? -„Таа прво донесе големо ослободување. Денес таа е незаобиколна во каква било стратегија на културна политика во која било земја, не само европска. Незаобиколно е нејзиното начело на слобода на творештвото. '68-та го зајакна тоа начело. За жал, и тоа начело за слобода на творештвото денес дури и во Македонија е во опасност. Се доведува баш под закани и политички пресии. Но како и да е - покрај тоа начело како една придобивка на '68 е правото на бунтот против авторитетите. Но, мултидисциплинарноста, креативноста и инклузивноста - тие крупни начела - на некој начин станаа дел од капиталистичката машина и денес се тоа многу важни начела баш во бизнис-светот. Во '68-та тие имаа некоја романтична и идеалистичка аура- денес со нив се прават пари. Но во ред, тоа смо покажува дека капитализмот е суперприлагодливо животинче кое просто ги асимилира трендовите. Тоа можете да го гледате и како добро и како лошо.“ | ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ Што остана од револуционерната 1968?29 Октомври, 2008 | magazine Влатко Галевски - уредник27 Октомври, 2008 | magazine Бранислав Саркањац - филозоф28 Октомври, 2008 | magazine Александар Станковски - уметник29 Октомври, 2008 | magazine | |||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||