Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.comNews image
Ревидирано на:
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
Влатко Галевски - уредник
Влатко Галевски
Од немирната 1968 поминаа точно 40 години. Во моментите додека се случуваа познатите настани во Прага, Влатко Галевски, денешен уредник во неделниот весник „Форум", случајно се најде таму. Со него разговараше Игор Мицевски

-„Можеби заради младоста, а можеби заради комодитетот на тогашното општество и тогашната ситуација на Балканот, некако сметавме дека се’ е во најдобар ред и дека ништо спектакуларно не може да се случи ниту на ниво на идеологија ниту на ниво на политика. Но, ако ме служи добро сеќавањето, мислам дека се чувствуваше некоја тензија, чудна тензија на моето патување до Прага. Иако за волја на вистината тогаш немавме сознанија ниту пак свест за тоа на што навистина беше предвечерје тоа случување. Но откако настана експлозијата во СФРЈ - на белградските настани - тогаш почнавме да ги поврзуваме работите. Кога се зборува за тој сензибилитет, може да се каже дека тоа беше една пресвртница во идеологијата на младиот човек. За таа генерација тогаш како да дојде времето од позициите на својата, да не ја крстиме ’хипиевска’ идеологија, да се изборува за некои други позиции кои ќе му го донесат статусот на еден етаблиран слој- слој на етаблирани личности, па дури и политичари."

БиБиСи: Дел од 68-шите станаа дел од политичката елита, како го гледате ова од денешна перспектива?

-„Па тоа по некоја аналогија е како во културата. Како што ’андерграундот’ (алтернативната култура) прераснува во ’мејнстрим’ (етаблирана култура), па потоа и влегува во највлијателните кругови на едно општество - тоа се случи и со '68-та, иако мислам дека нивната идеологија се’ уште не е мртва! Во таа смисла сметам дека постојат циклуси, без оглед на денешните општествени уредувања во Европа. И сигурен сум дека тоа ќе се случува и во Америка во догледно време заради рецесијата. Според состојбите во оваа предолга транзиција во Македонија мислам дека таквите моменти и кај нас се многу блиску- доколку ништо радикално не се смени од оваа постава на власта, мислам дека ќе се случи некој вид на идеолошко културна револуција од тертип на онаа од 1968."

БиБиСи: Се однесува ли ова кажување повеќе на социјалните аспекти на сегашнава состојба во Македонија?

Влатко Галевски

-„За разлика од таа 1968, овие години околу 2008 ги влечат корените повеќе во социјалните проблеми. Но мислам дека тогаш постоеше многу повеќе романтизам. А со празниот стомак, кај земјите во предолгата транзиција - нема романтизам".

БиБиСи: Кога станува збор за идеолошките аспекти на ’68-та, некои велат дека идеологијата имплодираше сама во себе и потоа таа не можеше да си го најде идентитетот. Го делите ли тоа мислење?

-„Па кога станува збор за нашите простори - мислам дека се работи за еден продолжен систем на тоталитарни општества во кои не можеше да се дојде до поголем израз таа слобода која '68-шите ја бараа. Тој романтизам и тој поетски дух - за кој сепак мора да се каже дека се манифестираше преку демонстрации и оружје и насилство и повратно насилство - мислам дека и тој романтизам, духот на тоталитаризмот успеа да го уништи, или пак во зародиш да го спречи да се шири како една помасовна филозофија и психологија."

БиБиСи: На културолошки план какви беа рефлексиите од таа револуција во поранешна Југославија и во Македонија?

-„Мислам дека целиот Балкан е сега во посериозен културолошки подем. Не дека поранешна Југославија не беше во ред на тој план, но мислам дека по распадот на Југославија секоја од овие национални структури или држави имаат дополнителен мотив кој го бараа преку индивидуалните изразувања. Тврдам дека во Македонија има толку силни индивидуалци, толку креативни луѓе меѓу кои впрочем можат да се набројат и такви кои се од светски калибар, кога тоа ќе се надополни со артефактите и нашето историско наследство тогаш гледаме дека има енергија и набој во сегашната средна и помлада генерација. Мислам дека тоа е единствениот излез од оваа социјална зачмаеност."

ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Бранислав Саркањац - филозоф
28 Октомври, 2008 | magazine
Никола Гелевски - колумнист
29 Октомври, 2008 | magazine
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Испрати имејл на пријателВерзија за печатење
BBC © ^^ Назад на почеток
Архива
BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>