News image
Кој управува со Твојот свет?
News image
Владо Бучковски
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Владо Бучковски, премиер

 

Владо Бучковски
Владо Бучковски
Сметам дека светот во овој момент го водат лидери кои имаат јасна визија и перспектива како тој треба да изгледа во овој милениум. Од друга страна светот е соочен со глобалното зло - тероризмот и борбата против него.

Светот дефинитивно се глобализира , интеграцијата е неминовна и полека се промовираат други вредности кои ги надминуваат границите на државите.Глобализацијата наметнува едно друго темпо и потреба од лидерство. Ако САД го имаат својот лидер , на Европа и недостасува лидер.

И тоа јасно му го кажав на Тони Блер, дека очекуваме заради позицијата која ја има Британија , тој да биде идниот европски лидер кој ќе има јасна визија да го поведе Западен Блакан напред, заедно со Европа.

Во овој период на светски, трговски натпревар Европа мора да одговори на натпреварот во кој две велесили како САД и Кина се веќе пред неа. И мора да го одгледуваме и подигнуваме чувството дека сите сме дел од Европа.

Му реков на Блер дека Европа во оваа криза ќе биде посилна ако им даде шанса на Балканските народи.
Во минатото можеби правевме проблеми , но во овој момент можеме да и помогнеме на Европа со свежиот дух, со идеите , со високо образованите кадри и со непоправливиот оптимизам кој се уште го има во овој регион.
 
^^Оди на почетокотДома >>